Скопјани не се согласуваат со одлуката на Град Скопје улицата „Александар Урдаревски“ во делот во кој води кон гробиштата викендов да остане затворен за сообраќај поради реконструкција на коловозот.
Коментираат дека оваа Задушница до гробиштата во Бутел ќе можат да стигнат само со хеликоптер оти една од двете улицата за пристап нема да може да се користи.
Делот од улицата „Александар Урдаревски“ од крстосницата со улицата „Бутелска“ до гробиштата веќе три месеци е затворен за сообраќај. Се вади коцката со која беше поплочен коловозот за да се замени со асфалт. Скопјани се надеваа за привремено решение поради верскиот празник Задушница, но градските власти не преземаа мерки.
На прашањето дали ќе овозможат улицата привремено да биде проодна поради Задушница, од Градот кусо одговорија дека режимот на сообраќај го регулира Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од МВР, пак, соопштија дека делот од улицата што се реконструира ќе биде затворен за сообраќај.
„Ве известуваме дека на 04. и 05. 11 2017 година во периодот од 06,00-16,00 часот поради верскиот празник Задушница на гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров се очекува големо присуство на верници и зголемен интензитет на сообраќај. Од тие причини сообраќајната полиција ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот. Поради изведување на градежни работи на улица Александар Урдаревски (во реонот на гробиштата Бутел) дел од оваа улица ќе биде забранет за сообраќај. Сообраќајниот режим на движење на возилата ќе се одвива по улица Боца Иванова во правец од кружниот тек на улица Александар Урдаревски кон пристапните влезови на гробишта Бутел, а излезот ќе се одвива по улица Боца Иванова, лево, по улица Александар Урдаревски кон клучка Мирковци, односно кон обиколницата“, соопшти МВР.
На улицата Александар Урдаревски, која води кон гробиштата, градежните работи почнаа на 27.07.2017 година. Цели три месеци се реконструираат вкупно 808 метри должина од улицата. Според најавата од претходниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, улицата треба да добие асфалт на местото на коцката, првпат да се изградат тротоари, да се постави ново улично осветлување, а на 300 метри од делот што се реконструира треба да бидат поставени водоводна, атмосферска и фекална мрежа.
Улицата сега е раскопана, коцката е извадена , а од Градот не одговорија на прашањето кои се крајните рокови за завршување на градежните работи.
Овој зафат Градот го чини 18,5 милиони денари, а работите ги изведува градежната компанија „Пелагонија“ од Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст