| четврток, 6 декември 2018 |

Бизарно до болка-фејсбук пријателката му понуди брак на свекорот на Јелена!

Душица Милетиќ од Бор му понуди брак преку Фејсбук на Владимир Марјановиќ, татко на Зоран Марјановиќ кој е во затвор поради обвинувањето дека ја убил својата сопруга Јелена.

Душица со месеци контактира со него преку оваа социјална мрежа, а разменувале и емотивни пораки, полни со нежност, па дури и договарале средба.

Во последната објава на групата за поддршка на Зоран Марјановиќ, Душица ставила нивна заедничка фотографија на која пишува Владимир Душица Марјановиќ. Потоа му порачува дека е време да се разведе од Зорица и да се ожени со неа.

Подоцна очигледно се покајала, па истакнала дека сето тоа е шега и дека никогаш лично не запознала никого од семејството Марјановиќ.

-Точно е дека се допишуваме, ама тоа е пријателски. Јас само му пружив поддршка и сочувство поради се низ што минува. Никакав венчавка не доаѓа во предвид-рекла Душица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top