Министерството за надворешни работи го осуди синоќешниот инцидент со палење на македонското знаме во Гњилане и Пеќ, откако вчера беа изречени пресудите за случајот „Диво насеље“.
„МНР изразува жалење и осуда на вчерашниот чин на палење на македонското знаме од страна на припадници на навивачки групи во Пеќ и Гњилане, Република Косово. Очекуваме дека надлежните косовски служби ќе преземат активности за утврдување на одговорноста на сторителите“, се наведува во реакцијата на МНР.
Во знак на протест поради одлуката на скопскиот Кривичен суд за осуда на осуммината членови на т.н. „кумановска група“ на доживотни казни затвор, синоќа во косовските градови Гњилане и Пеќ јавно беа запалени знамиња на Република Македонија, јави српската државна телевизија РТС.
Според телевизијата, знамињата биле запалени на протестите во двата града поради судските пресуди, на кои биле упатени повици до „Албанците да ги бранат своите права, борејќи се против направдата нанесена од Славомакедонците“.
РТС наведува дека во палењето на македонското знаме во Гњилане учествувале и членови на навивачката група „Јастреби“.
„Во знак на револт за неправдата сторена против нашите херои од словенската марионетска држава вечерва го запаливме нивното знаме, тука пред споменикот на легендарниот Агим Рамадани – Катана, во Гњилане. Ги повикуваме сите албански државници да се спротивстават на ова и да го заштитат албанскиот народ во Илирија. Албанија ќе го стори тоа“, порачаа од навивачката група на фудбалскиот клуб од Гњилане.
Осум доживотни казни затвор, 13 по 40 години, шест по 20 години, една од 18 години, две од 14, две од 13, две по 12 години затвор и четири ослободителни пресуди им одреди Кривичниот суд на обвинетите за настаните во кумановската Дива населба во мај 2015 година во кои загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст