Луѓето кои го нарушуваат мирот на соседите меѓу 22.00 и 8 часот наутро и меѓу 13.00 и 14.00 ризикуваат да бидат осудени на затворска казна до две години, предвидува новиот закон претставен од Министерството за внатрешни работи, јавуваат романските медиуми.
Затвор во траење од три месеци до две години се предвидува со нацрт-законот за лица кои слушаат гласно музика, дупчат со бормашина или предизвикуваат друг интензивен звук, откако претходно ќе бидат предупредени од полицијата. Ограничување на бучавата важи и за органзирање свадби и други настани во приватен дом или канцеларии на фирми кои се близу станбени простории на приватни лица.
Досега законот предвидуваше само парични казни за таков вид непочитување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст