| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп ќе бара помош од Путин за Северна Кореја

До средбата би можело да дојде во текот на 10-дневната турнеја во Азија, кога Трамп ќе ги посети Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Виетнам и Филипините.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјавил дека веројатно ќе се состано со рускиот претседател Владимир Путин.

-Путин е многу важен, бидејќи Русите можат да ни помогнат со Северна Кореја, рекол Трамп во интервју за Fox News.

Во тој период, од 6. до 11. ноември, се одржува самитот на лидерите на азиско-пацифичката економска соработка во Виетнам, на кој се очекува и учество на рускиот претседател, наведува таа телевизија.

Советникот за национална безбедност, Х.Р МекМастер, изјавил дека главната цел на Трамп, во текот на тоа патување, е да издејствува меѓународна одлука да се денуклеаризира Северна Кореја.

-Се надевам дека ќе се случат многу добри работи. Ова е едно од најважните патувања кои претседателот ги имал, рекол МекМастер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top