Педесет и седум годишниот М.А. од скопски Добридол вчера околу 10 часот и 45 инути бил пронајден мртов на нива од страна на членови на семејството.
Како што информираат од полиција, лицето било пронајдено починато на местото викано Шарковец.
М.А. на 31-ви октомври заминал со трактор на нива за да изведува земјоделски работи. Тој бил пронајден на десетина метри паднат од тракторот кој пак удрил во дрво.
По извршениот увид утврдена е смрт без траги на насилство, а телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.