Цените на храната во светот се намалени во октомври во споредба со претходниот месец, бидејќи сите прехранбени производи беа поевтини, освен житарките.
Индексот на цените на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), која мери месечни промени во цената на кошницата на производи (житарици, маслодајни растенија, млечни производи, месо и шеќер), минатиот месец изнесуваше 176,4 поени, што е за 1,3 отсто помалку во однос на септември.
Пазарот на житарките, во 2017/2018 година, би требал да остане ист, а глобалното производство треба да ја надмине рекордната реколта на жетвата од минатогодишниот рекорд, достигнувајќи 2,61 милијарди тони, соопшти Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО).
Цените на храната и натаму се за 2,5 проценти повеќе повисоки отколку во октомври минатата година, но тие се за 27 проценти пониски од рекордното ниво во февруари 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.