Сити радио, Клуб ФМ и Метрополис ја повлекоа кампањата за „прееманципирани жени“, откако Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги констатира дека кампањата претставува дискриминација по основа на пол, ширење мизогинија и сексизам, што е флагрантно кршење на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
-Овие медиуми воопшто немаа намера да го навредат интегритетот на жената, ниту пак некого да дискриминираат. Напротив, целта на овој, за нашата публика нов, медиумски наратив беше сите кои претеруваат, со посебен акцент на оние кои газат се пред себе (за кои впрочем е и наменета кампањата) да се потсетат што е етичко, што сакаат, колку можат и колку треба – пишува во соопштението на радијата објавено на Фејсбук.
Во кампањата, еманципацијата на жените и на мажите се поставуваат како два процеси кои меѓусебно се исклучуваат, еманципацијата и стремежот на жените да го достигнат максимумот во своите кариери се претставува како негативна појава, успешните жени се подложуваат на потсмев и омраза, а на децата и младите од обата пола им се испраќа порака дека не се еднакви и дека не треба да се стремат кон еднаквост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст