| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за поранешните каталонски министри

Осум каталонски министри беа задржани во притвор после наредба на судијата на Врховниот суд во Шпанија поради неодамна одржаниот референдум околу независност на Каталонија.

Обвинителите од судијата побараа осум или девет поранешни функционери на каталонската влада кои сведочеа пред судот во Мадрид да бидат притворени.

Тие се обвинети за бунт, револуција и злоупотреба на државни средства, пренесува BBC.

Државниот обвинител побарал европски налог за апсење на сменетиот каталонски лидер Карлес Пучдемон.

Ова барање исто така се однесува и уште на четири сменети каталонски министри кои не се појавија пред судот.

Се верува дека Пучдемон моментално се наоѓа во Белгија, односно дека наводно изјавил дека нема да се врати во Шпанија освен ако тој и неговите четири сменети колеги не добијат гаранции дека ќе имаат праведно судење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top