На грчкиот остров Лезбос во октомври пристигнале рекорден број бегалци годинава, покажаа официјални податоци објавени вчера.
Во октомври на Лезбос пристигнале 2.216 мигранти, за разлика од септември кога нивниот број изнесувал 2.170. Во август се регистрирани 1.053 мигранти, во јули 1.130, во јуни 940, во мај 534, во април 281, во март 336, во февруари 252 и во јануари пристигнале 456 бегалци и мигранти.
На сите острови во северниот дел на Егејското Море во октомври пристигнале вкупно 3.478 мигранти. Од нив 1.069 се на Хиос и 193 на Самос.
Турската крајбрежна стража соопшти дека во октомври интервенирала во 61 инцидент во турски територијални води и назад во Турција вратила 2.729 луѓе.
Поволните временски услови во пролетните и летните месеци мигрантите ги користеа за да го преминат Средоземното Море, но невообичаено е што повеќе не чекаат поволни временски услови и подготвени се и во зимски услови да го минат Средоземното Море.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст