Кампањата и изборите завршија, од денеска нема да има поделби на припадници на етнички заедници и партиски членови, има само гостиварци и едно семејство што се вика Гостивар. Луѓето во администрацијата ќе се делат на тие што работат и тие што не работат, со овие зборови новиот градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари се обрати до новите советници и вработените во општината на примопредавањето на функцијата.
На првиот ден на новото работно место, Таравари потврди дека во меѓувреме е постигнат и договор со политичките партии на локално ниво и дека е обезбедено мнозинство.
– Изминативе денови имавме состаноци и според последното имаме поддршка од седумнаесет советници. Сепак би сакал тоа мнозинство да биде над дваесет и сите одлуки да бидат поддржани од повеќе советници, рече Таравари.
Тој нагласи дека од денеска ќе се почне со работа и како што рече ќе бидат отворени за сите, а реваншизам кон политичките противници нема да има.
– Ветивме многу работи и ќе го дадеме максимумот. За нас е битно по четири години да излеземе со чист образ и да постигнеме резултати со кои ќе се гордеат сите. Реваншизми нема да има, подвлече Таравари.
Новиот градоначалник во обраќањето пред новите членови на советот честитајќи им ги мандатите се обрати на албански, македонски и турски јазик и повика на соработка.
На примопредавањето на функцијата, Таравари беше примен од поранешниот шеф на кабинет на кабинетот на неговиот претходник Невзат Бејта.
Новиот градоначалник на општина Гостивар, пред влегувањето во општинската зграда беше пречекан од неколку стотини граѓани кои му честитаа на изборот. На пригодната свеченост во салата на советот, триесет и еден член на новиот состав и новоизбраниот градоначалник денеска ги примија серификатите од општинската изборна комисија Гостивар. Од ОИК Гостивар се заблагодарија на локалната власт која им овзоможила услови за непречено спроведување на изборниот процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст