| четврток, 6 декември 2018 |

Бијонсе е лавицата Нала во анимираниот филм „Кралот лав“

Американската пејачка Бијонсе ја доби улогата во новиот анимиран филм на Дизни – „Кралот лав“.

Бијонсе ќе го позајми гласот на лавицата Нала, додека лавот Симба ќе го зборува Донал Гловер. Пејачката по пат на социјалната мрежа Фејсбук потврдила дека ќе работи на новиот проект, за кој веќе долго време се шпекулираше. Освен Бијонсе и Гловер, гласовите ќе ги позајмат и Чиветел Ејиофор (Скар), Сет Роган (Пумба), Џејмс Ерл Џонс (Муфаса) и Џон Оливер (Зазу).

Филмот ќе се појави во кино салите во јули 2019 година, а режисерот е Џон Фавро.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top