| четврток, 6 декември 2018 |

Црвената е бојата на есента

Некои бои, како црвената на пример, најчесто се поврзуваат со пролетта и летото. Но, црвената боја е најпосакуваната боја во сите модни комбинации за оваа есен.

Оваа сезона се задолжителни и црвените чизми и модните додатоци во таа боја.

Костум во црвена боја, во моментот е најбараниот моден хит, а ние ви нудиме неколку предлози како да го носите.

Црвениот костум се носи како секојдневна облека, а изгледа генијално во опуштена комбинација со бели патики.

Црвениот костум исто така е погоден за деловен изглед. Комбинирајте го со маици со покачена јака или друга облека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top