Вработените кои не се пушачи ќе добијат дополнителни шест дена одмор годишно, како компензација за паузите за пушење кои не ги прават, одлучи компанија од Јапонија.
Маркетиншката фирма Пиала Инк. го вовела новиот план во септември, откако непушачите се пожалиле дека работат повеќе од нивните колеги кои пушат.
Хиротака Мацушима, портпарол на компанијата, вели: „Еден од нашите вработени непушачи остави порака во кутијата за предлози на компанијата на почетокот на годината, велејќи дека паузите за пушење создаваат проблеми“.
После предлогот, извршниот директор на компанијата Такао Асука одлучил да им даде на вработените кои не пушат дополнително време за одмор за да ги задоволи нивните поплаки.
Компанијата се наоѓа на 29-тиот спрат во канцелариски блок згради, поради што секоја пауза за цигара трае најмалку 15 минути, според вработените.
Асука вели дека се надева дека планот ќе ги инспирира вработените да се откажат од пушењето.
Извор: Црно Бело
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст