| четврток, 6 декември 2018 |

Архитектот Билјана Филиповска добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2017

Архитектот Билјана Филиповска е добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството за 2017 година.

Како што информира Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), доделувањето на наградата ќе се одржи вечер во Музејот на современа уметност во Скопје, со почеток во 20 часот.  Одлуката за наградата ја донела петчлената комисија составена од членови на ААМ.

Предвидено е вечер да со обратат претседателот на ААМ Мартин Пановски, Трифун Костовски, почесен член на Академијата на архитекти на ААМ, директорката на Музејот на современа уметност Мира Гаќина, претседателот на жири комисијата и член на Академијата на архитекти на ААМ Ратко Раѓеновиќ и наградената Филиповска.

Билјана Филиповска е родена на 29 октомври во 1949 година во Скопје. Својот најзначаен проектантски професионален раст го реализирала во „Пелагонија проект“ каде работела непрекинато од 1977 до 2002 година на повеќе проекти, од спорт и рекреација, јавни објекти, објекти за домување и други мали интервенции во просторот. Во 2000 година оформила свое архитектонско биро СТУДИО 2000, во кое е се уште активна. Добитник е на повеќе награди и признанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top