Ноември е месец на машкото здравје. „Mоември” е кампања што на оригинален и хумористичен начин пренесува едноставна, а воедно многу сериозна порака до машката популација во светот. Има за цел да ја подигне свеста на мажите за нивното здравје, симболично преку носење мустаќи во ноември. Аспектот на хумор охрабрува сѐ повеќе мажи да се вклучат во кампањата, да другаруваат и дискутираат за формата на мустаќите, но и за здравствени проблеми специфични за нив, кои може да се превенираат, a со навремена дијагноза и третман целосно да се излекуваат.
Покрај редовните контроли, фондацијата „Моември” укажува да обрнеме поголемо внимание на фамилијарните медицински истории, бидејќи освен здравиот начина на живот и генетскиот фактор игра важна улога во етиологијата на овие болести. Сепак, вистинскиот импактна кампањата лежи во големите донации во центрите за истражување на карцином на простата и на тестис.
Акцијата „Моември“ е иницирана во Австралија во 2003 година со цел да го сврти вниманието кон еден од најчестите здравствени проблеми кај мажите – рак на простата. Акцијата многу брзо стана глобална, а се состои во тоа мажите во ноември да пуштаат мустаќи. Во акцијата „Моември“, која го доби името по австралискиот сленг за мустаќи „мо“ се вклучиле повеќе од еден милион мажи од целиот свет, а биле собрани повеќе од 70 милиони долари за истражување и за лекување на ракот на простата.
Во Македонија мажите на 45 годишна-возраст размислуваат како да си ја задржат косата и да го ослабат стомакот, а не им паѓа на памет да посетат уролог.
– Препорачувам секој маж да почне да посетува уролог на 45 години, но и порано, доколку има проблем со урогениталните органи. Поголем акцент овој пат дадовме на здравјето на мажите, но да потсетам дека и жените се наши пациенти и треба да побараат уролошки совет секогаш кога имаат проблеми со органите на уринарниот систем – вели професор д-р Оливер Станков, уролог.
Акцијата ја поддржуваат јавни личности, спортисти, политичари, а лекарите апелираат мажите да посетуваат уролог и да одат на редовни прегледи.
Во Европа и кај нас има драстично зголемува на болните и со карцином на тестиси и со рак на простата. Во Македонија ракот на простата е трет на листата на карциноми кај мажите, а редовните прегледи значат и извлекување на мажите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст