Во Северна Кореја се одржани масовни воени вежби од типот евакуација на населението, нешто што би можело да биде поврзано со подготовките за војна, пишува „Дејли мејл“ повикувајќи се на извори од тамошните медиуми.
Вежбите се одржуваат во текот на целата недела и само населението од градот Пјонгјанг, престолнината на Северна Кореја, не учествувало во нив.
Во текстовите се наведува дека евакуацијата се одвивала исклучиво вечерно време, без светло, со цел да не се осветлуваат целите на противникот.
Претходно, Вашингтон дозна дека Северна Кореја може да убие 90 отсто од населението во САД.
Севернокорејскиот напад со електромагнетски пулс (ЕМП) може да убие 90 отсто од жителите на САД и да ја онеспособи инфраструтурата потребна за живеење. Можноста за таков напад го поставува следното прашање: „Дали САД се подготвени да ја нападнат Северна Кореја?
Северна Кореја упати порака што беше објавена во четвртокот, а која содржи неколку закани кон САД. „САД прават глупости кога пред нос ни ги оставаат да ги видиме целите што ги имаме означени како примарни“, стои во изјавата на севернокорејската новинска агенција. „САД треба да очекуваат незамислив напад“.
Во последно време конфликтот меѓу Пјонгјанг и Вашингтон беше заострен во пресрет на воените вежби што се изведени и од страна на двете земји. САД презедоа акции така што во Јужна Кореја разместија 28.000 американски војници.
Стравувајќи од американската закана, Пјонгјанг го зголеми својот нуклеарен и ракетен потенцијал игнорирајќи ги строгите санкции од Советот за безбедност на Обединетите нации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст