| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто беше уапсен Сокол Митровски?

Поради постоење на основано сомнение, Основното јавно обвинителство Скопје презема дејствија против повеќе инволвирани лица кои овозможиле незаконско приватизирање на земјиште во сопственост на една општината Ѓорче Петров
за што утринава беше уапсен и поранешниот градоначалникот, Сокол Митровски.

Како што соопшто ОЈО Скопје, на приватизацијата претходела постапка за утврдување на статусот на незаконито изградени три објекти, која била реализирана спротивно на закон. Како резултат на оваа постапка извршена е легализација на објектите и приватизација на земјиштето.

– Со тоа е овозможено земјиштето да биде откупено по цена од 1 евро за метар квадратен, додека пазарната цена на лицитација по редовна постапка би била значително повисока, истакнуваат од Обвинителството.

За повеќе детали во врска со текот на постапката, Основното јавно обвинителство Скопје навремено ќе ја информира јавноста.

Митровски беше градоначалник на општина Ѓорче Петров од 2005 до 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top