| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка кај Универзална – жена итно пренесена на Ургентно


Четириесет и шест годишната М.Т. е тешко повредена во сообраќајна несреќа која вчера вечерта околу 23 часот и 10 минути се случила на крстосницата со улиците „Костурски Херои“ и „Борка Талески“, зад Универзалната сала.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „Рено“ управувано од 60- годишниот М.Г од Скопје и автомобил „Поло“ управуван од 41- годишниот Г.Т, исто така од Скопје.

Во несреќата со тешки повреди се здобила сопатничката од „Полото“ М.Т. која со возило на Итна медицинска помош е однесена во ГОБ „8 Септември“ каде и е укажана лекарска помош, по што е пренесена во Ургентниот центар во Скопје.
Увид е извршен од страна на полициски екипи

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top