Во терористичкиот напад на Менхентен се убиени и пет аргентински пријатели кои во Њујорк дошле на одмор да прослават 30 години од матурата, пишува „Гардијан“.
Аргентинското Министерство за надворешни работи соопшти дека станува збор за училишни пријатели од Росарио кои се идентификувани како Ернан Диего Мендоза, Диего Енрике Ангелини, Алехандро Дамин Панјунко, Ариел Ерлиј и Ернан Феручи. Еден член од нивното друштво е меѓу повредените и се наоѓа во болница. За среќа, тој е надвор од животна опасност.
Меѓу убиените е и една жена од Белгија.
Неколку часа по нападот во центарот на Њујорк десетина илјади граѓани излегоа на улиците по повод Ноќта на вештерките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.