
За прв пат во македонската историја, премиер јавно ја поддржа работата на центарот за лезбејки, хомосексуалци, бисексуалци и трансексуалци. Претседателот на владата, Зоран Заев синоќа присуствуваше на годишнината од основањето на ЛГБТ центарот во старата чаршија во Скопје и одржа говор пред присутните.
На настанот, од страна на организаторите благодарница за развој на ЛГБТ движењето во Македонија доби Никола Шиндре, активист кој ја скандализираше македонската јавност пишувајќи дека децата се сексуални објекти и оправдувајќи ги сексуалните односи на возрасни луѓе со деца.
– Оваа забава е поинаква, затоа што не сме сами. Овој пат со нас се и претставниците од владата помеѓу кои и самиот премиер кој што патем речено ја уплати првата донација за сигурната куќа на ЛГБТ центарот и вечерва ќе ги упати своите пораки до ЛГБТ заедницара – рече Уранија Пировска, директор на Хелсиншкиот комитет кој го има изградено ЛГБТ центарот во Скопје.
Заев беше придружуван од неговите најблиски соработници од владата и парламентот а меѓу присутните беа и професорот Љубомир Фрчкоски и новинарот Бранко Тричковски. Премиерот пред присутните хомосексуалци, лезбејки, бисексуалци, трансексуалци и нивните поддржувачи порача дека Македонија ќе работи на подобрување на законската регулатива за унапредување на нивните права.

–Ве охрабрувам да бидете гласни, слободно да се изразувате и да дејствувате во насока на заштитата на правата на граѓаните, што е заложба и определба на Владата на Република Македонија. – им порача Заев на присутните припадници на ЛГБТ заедницата и нивните поддржувачи.
Покрај Заев и Пировска, говореше и првиот јавно деклариран хомосексуалец во Македонија, Кочо Андоновски, кој истакна дека Македонија конечно се ослободила од власт која била репресивна кон ЛГБТ заедницата и дека се радува оти тие ја преживеале таа власт.
Од ЛГБТ центарот беа поделени и благодарници за особен придонес на ЛГБТ движењето во Македонија. Еден од одликуваните беше Никола Шиндре, кој во скандалозна колумна насловена „Сексуалноста над рационалноста“, промовираше дека педофилијата требало да ја сфатиме како нагон, а не да ја осудувам.

Според активистот одликуван од ЛГБТ центарот во кој донираше македонскиот премиер, педофилите се „маргинализирана група“, а исто и децата кои, како што ги класифицира, „сакаат да имаат сексуални односи со возрасни“.
–Што се случува кога 12-годишно дете ќе посака секс или барем ќе се задоволува на помислата дека има секс со 50-годишен маж или жена, па подоцна ќе посака истото и да го реализира?! Дали тоа дете има кому да се довери?! Мислам дека нема. Мислам дека кому и да каже во ваков систем на вредности ќе биде тотална пропаст за него. Ќе доживее исмејување, санкции, ќе биде отстрането како дегенерик, а можеби ќе почне да биде и физички малтретирано. Тоа е затоа што него не го третираат како сексуален субејкт, тоа е затоа што, доколку има секс со врсник, ќе биде искарано и означено како безобразно за своја возраст, а доколку има секс со возрасен, ќе биде силувано. Но, доколку изрази желба да има секс со возрасен (маж или жена), е тогаш ќе биде жигосано, ако не за навек, тогаш барем додека да се врати во нормала.
На децата им е забрането да се самозадоволуваат од најмала возраст, со сила им наметнуваат табу за првиот сексуален чин, па точно и поради тоа не знаат дали тоа што го сакаат е исправно или не. Јас сметам дека ако го посакуваат чинот што се однесува на нивното тело, тогаш истиот е исправен. Нема ништо поисправно од тоа што те задоволува и те прави среќен.
Од сево ова го извлекувам заклучокот дека забраната за секс и де факто не може да опстои, па макар и да се работело за деца или за возрасни. Секој кој сака да има секс, ќе има – пишува тој во неговата колумна.
Ваквите ставови на активистот на ЛГБТ центарот, беа веднаш осудени од невладините организации кои се борат за заштита на правата на децата. Драги Змијанац, основач и директор на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ најави и кривична пријави против активистот Никола Шиндре.
Змијанац потенцира дека ставовите на Шиндре за педофилијата се спротивни на членот 3 од Конвенцијата за правата на детето. За објавената колумна и користење на медиумски простор со што се прекршуваат правата на детето од детската амбасада најавија и претставка до Народниот правобранител.
– Да не дозволиме на мала врата, преку медиумскиот простор, легализација на едно од најопасните кривични дела кои оставаат трајни последици по личноста на детето (сексуална злоупотреба / педофилијата ) и немаат врска со сексуалната слобода и борбата за правата на ЛГБТ заедницата! ДЕТСКАТА АМБАСАДА МЕЃАШИ СЕ ЗАЛАГА ЗА ДОЖИВОТНА КАЗНА ЗАТВОР ИЛИ ХЕМИСКА КАСТРАЦИЈА ЗА СЕКОЈ ПЕДОФИЛ (под ова се подразбираат и мажите и жените иако педофилијата е многу ретка меѓу жените). Доживотен затвор како казнена мерка може да помогне сторителите на овие тешки кривични дела да бидат во целосна изолација. Од друга страна и превентивно да помогне да не се случуваат сексуални злоставувања на деца од истите сторители, а воедно да биде и опомена за сите идни случаи, изјави Драги Змијанац Директор на Прва детска амбасада МЕЃАШИ.
Постапки против Шиндре најавија и народниот правобранител. Инаку тој беше активен учесник во Шарената Револуција, од него се оградија многу припадници на ЛГБТ заедниците, но, не се огради СДСМ во чии протести учествуваше, а вчера доби награда од ЛГБТ центарот во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


