Германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мајзире соопшти дека спречиле голем терористички напад апсејќи 19-годишен Сириец.
– Денеска германските служби за безбедност успешно спречиле голем терористички напад во Германија. Операцијата е изведена во вистински момент, доволно доцна за да се обезбедат доволно докази и доволно рано за да се спречи било каква опасност – рече де Мајзире.
Уапсениот Јамен А., кој себе си се идентификува како „војник на калифатот“ сакал да изврши терористички напад и да убие што повеќе луѓе, соопшти портпаролката на Федералното обвинителство, Фрауке Коехлер.
– Осомничениот преку социјалните мрежи имал контакт со лице кое себе си се нарекува војник на калифатот, војник на таканаречената Исламска држава. Во моментов не знаеме кое е лицето. Не знаеме ни како тоа контакт лице го охрабрувал или дури го поддржувал осомничениот на таков акт – рече Коехлер.
Специјалните сили во акцијата која била изведена во раните утрински часови во населба во градот Шеверин, главен град на покраината Мекленбург-Форпомерн уапсиле 19-годишен исламист.
Како што е соопштено, тој од јули подготвувал бомбашки напад, соопшти Федералното обвинителство. Полицијата истражува дали сам го подготвувал нападот или постоела мрежа соучесници.
Истражителите соопштиле дека постои „основано сомнение“ дека момчето планирало да изведе „терористички напад“, но дека во моментов не постои опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


