| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца чичковци ја силувале 10 – годишната внука

Profile of a woman silhouette watching sun on the beach at sunset

Почна судењето на двајцата чичковци, кои ја силувале својата внука. ДНК анализата покажала дека девојчето родилo бебе во август и едниот од чичковците е таткото. Оваа неверојатна вест доаѓа од Индија=, каде судот најави дека ќе ја објави пресудата во четврток.

Прв пат родителите на девојчето забележале дека нивната ќерка е бремена кон средината на јули. Таа се пожалила на болки во стомакот и кога ја однеле на доктор, била утврдена напредна бременост. Родителите побарале веднаш да се прекине бременоста, но судот во Чандигар забранил. Според законот во Индија, бременост може да биде прекината до 20 – тата недела, а за подоцна решава регионалниот суд. Во август девојчето се породило и на свет донело женско бебе.
Бебето било дадено на посвојување.

На судењето 10 – годишното девојче раскажало дека чичковците ја силувале неколку пати. Едниот од чичковците признал декам го силувал девојчето, но другиот бил откриен откако било утврдено дека тој е татко на бебето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top