| четврток, 6 декември 2018 |

„Ексцентрична сум, сакам секс на јавни места“ – признава сопругата на славниот фудбалер

Напаѓачот на Наполи, Дриес Мертенс е во одлична форма оваа сезона. Постигна 10 гола во 11 натпревари, а „забива“ и надвор од теренот, како што тврди неговата сопруга Кет Керхофс, која со нивниот сексуален живот се фали на сите страни.

За италијанските медиуми таа откри дека сака да експериментира во креветот и дека во спалната соба е далеку од статусот на дама како што се претставува во јавноста.

„Сè оди многу подобро кога сте полни со самодоверба во текот на сексот. Во јавност сум дама, но во кревет сум ексцентрична. Сакам секс во јавност и на необични места. На пример, во купе од воз. Тоа многу ме пали“, вели Кет во муабетот кој малку ги изненади италијанските навивачи.

Таа открива и дека ги смалила градите, но оставила доволна големина за да се чувствува како секс бомба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top