| четврток, 6 декември 2018 |

Приведен убиец во Јапонија – пронајдени 9 распарчени тела

Најмалку девет распарчени човечки тела биле пронајдени во стан Јапонија. Полицијата го привела 27 годишниот Такахиро Шираиши кој потврдил дека телата ги сечел во тоалетот на неговата соба во градот Зама, 40 километри оддалечен од Токио. Полицијата ги пронашла телата на осум жени и еден маж во контејнери за замрзнување во понеделник наутро, за време на истрагата околу сомненијата за можната вклученост на Шираиши во исчезнувањето на една млада жена.

Жената која била од Хачиоји, исто така во зоната на Токио, разменувала пораки со Шираиши на Твитер по нејзината објава дека сака да се самоубие, со зборовите „барам некој кој ќе се самоубие со мене“.

Безбедносните камери покажале како жената и Шираиши поминуваат заедно близу до неговиот дом на 23 октомври.

Неколку жители на истата зграда изјавиле за локалните медиуми дека осетиле одвратна миризба која доаѓала од станот во август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top