| четврток, 6 декември 2018 |

FUNK SHUI се новите ексклузивци на Авалон

FUNK SHUI е скопски бенд кој комбинира повеќе различни ритмови и алтернативни инструментални музички жанрови. Создаден е пред 7 години во МКЦ, а комплетиран од тројца музичари кои создаваат своја лична авторска музика преку долги импровизирачки сесии. Истата година, FUNK SHUI за прв пат своите дела ги наснимува во вид на четири демо песни под наслов „Got Funk?!“.
На почетокот во FUNK SHUI членуваат Лука Ѓоргиевски (вокал и гитара), Давид Николовски (тапани) и Стефан Стојанов (бас гитара), а подоцна на негово место се приклучува Михаил Намичев.
Досега, бендот има издадено два албума- „Етер“ во 2012 година и „R.E.M“ во 2015 година. Во периодот меѓу двата албума, бендот го издаде синглот со наслов „Огледала“, кој подоцна се најде на вториот албум. По издавањето на вториот албум FUNK SHUI ја снимаат песната „Архетип“, која добива и свој видео запис. Овој сингл е најсофистицираното и најсозреано дело на бендот.

Оваа соработка е во рамките на јубилејот- 25 години од постоењето на Авалон Продукција како најголем музички бренд во Македонија и на Балканот, се` со цел за да им дадеме и поддршка на македонските музички артисти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top