| четврток, 6 декември 2018 |

Пуџдемон: Нема да барам политички азил во Белгија

Главен приоритет ни е да го избегнеме насилството. Доколку има насилство, тоа ќе биде по одлука на шпанската Влада, изјави денеска од Брисел каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон, кој беше разрешен од шпанските власти.

– Ние ќе ги почитуваме резултатите од 21 декември, какви и да се, изјави Пуџдемон во однос на предвремените избори во Каталонија, распишани од Мадрид по одлуката за укинување на автономијата на регионот.

– Прашуваме дали шпанската држава ќе ги почитува резултатите, доколку победат партиите кои се залагаат за независност на Каталонија, праша Пуџдемон, кој од Прес Клубот се обрати на каталонски, шпански и француски јазик, со цел „да нема забуни“.

Тој ја повика ЕУ да дејствува, велејќи дека тоа што Каталонија е 30 години „в затвор“, претставува крај на идејата за Европа и европските вредности.

– Нема да барам политички азил, истакна Пуџдемон и објасни дека се наоѓа тука бидејќи „Брисел е главниот град на Европа и оттука може да дејствува слободно и безбедно“.

Прес-конференцијата е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top