| четврток, 6 декември 2018 |

Најлудата забрана во историјата на фудбалот

Оваа вест звучи малку бизарно, но е официјална.

Навивачите на Манчестер Сити нема да можат да носат каиши на натпреварот против Наполи што се игра утревечер во Лигата на шампионите. Забраната се однесува и на гостинските функционери и доктори, но сѐ уште не е јасно дали важи за Пеп и неговите фудбалери.

Навивачите на Наполи во минатото коло од Лигата на шампионите со каиши од заседа ги нападнаа фановите во Англија. Во оваа тепачка тројца беа повредени, а еден наполитанец доби и казна од пет месеци затвор.

Претставникот на навивачите на Сити оваа одлука ја нарече бесмислена.

„Знам дека нас нѐ нападнаа со каиши, но каква врска тоа има со нашите навивачи? Ние не сме ништо виновни. Оваа одлука на УЕФА се користи притив нас, прво бевме казнети за исвиркувањето на химната на натпреварувањето, па го испразнија стадинот, а сега не можеме да носиме ниту каиши. Навистина бизарно“, изјави Кевин Паркер.

Секако, забранта се однесува и за домашните навивачи, но ова е навистина неверојатна и несекојдневна ситуација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top