| четврток, 6 декември 2018 |

Петта година Мајкл Џексон е најплатена покојна ѕвезда

Кралот на поп музиката, Мајкл Џексон, почина пред осум години, но тој се уште генерира милиони долари.

Џексон се најде на врвот на листата на „Форбс“ на покјони славни линости кои носат најголема заработувача и тоа петта година по ред.

Профитот од се она што е поврзано со Мајкл Џексон изнесува 75 милиони долари годишно. Од „Форбс посочиле дека заработката на името Џексон е зголемена со новиот албум на најголеми хитови, шоу во Лас Вегас и слично.

По него на листата е голф легендата Арнолд Палмер (заработка од 40 милиони долари), а трет е Чарлс Шулц (38 милиони долари).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top