Во многу земји во светот, а особено во САД и Канада, Ноќта на вештерките се очекува со огромно нетрпение и возбуда.
Домовите и продавниците веќе одамна се украсени со симболот на празникот – тиква издлабена и исечема да личи на глава на чудовиште, со запалена свеќа внатре. Исто така се ставаат и пајакови мрежи, скелети, черепи и слични декорации.
Ноќта на вештерките се прославува вечерта пред Денот на Сите Светци, востановен од папата Григориј Четврти во 853 година, кога се оддава почит кон сите христијански светци и маченици.
Со наближувањето на ноќта, односно пред полноќ, американските деца маскирани започнуваат да чукаат по вратите во соседството, со цел – да „ги исплашат“ домаќините, а тие пак, се должни да им дадат на „чудовиштата“ разни слатки.
Годинава најпопуларни се костимите на жени хероини. Ќе можат да се забележат Вондервоман, Кетвоман, ликовите од „Војна на ѕвездите“, а ќе има и по некоја принцеза, но она што е најпопуларно годинава се розовите шапки со мачешки уши, коишто беа симбол на женските протести против претседателот на САД, Доналд Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст