Владата на Република Македонија закажа нова аукција на хартии од вредност на 31.10.2017 година на која дополнително ќе ги задолжи македонските граѓани за 71 милион евра. Доколку се подигне предвиденото задолжување, само по основ на државни хартии од вредност задолжувањето ќе достигне 327.63 милиони евра.
Долгот на Македонија расте со забрзано темпо и за само 5 месеци, вклучувајќи ги и другите основи по кои се задолжува државата, владата ја задолжи Македонија за 609.48 милиони евра.
По основ на државни хартии од вредност долгот изнесува 347.63 милиони додека испумпаните државни резерви изнесуваат 177 милиони евра. Кредити и задолжувања по други основи изнесуваат 104.85 милиони евра. Оттука, вкупниот долг на Македонија изнесува скоро 610 милиони евра долг за 5 месеци од владеењето на новата влада.
Економистите предупредуваат дека доколку владата се задолжува со ова темпо, може да не снајде грчкото сценарио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст