| четврток, 6 декември 2018 |

„Ролексот“ на Пол Њумен продаден за 18 милиони долари

­ Рачен часовник од марката „Ролекс“, што му припаѓал на холивудскиот актер Пол Њумен, беше продаден на аукција во Њујорк за речиси 18 милиони долари.

Моделот „Ролекс Космограф Дејтон“, изработен од некородирачки челик, беше во продажба од 1963 до 1970 година, и стана познат како „часовникот на Пол Њумен”.

Оскаровецот од филмот „Бојата на парите“ (1986 година) го добил часовникот како подарок од својата сопруга Џоан Вудворд во 1968 година и се тврди дека го носел секој ден цели 15 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top