Фудбалската репрезентација на Србија се враќа на големите натпреварувања, но ќе има нов селектор. Славољуб Муслин потврди дека ја раскинал соработката со српската федерација, а главна причина за овој изненадувачки потег српските медиуми јавуваат дека е одбивањето на Муслин да го повика во составот Сергеј Милинковиќ САвиќ, еден од најдобрите српски фудбалери.
Муслин ја презеде репрезентацијата во мај 2016. година и го водеше тимот на 16 меча и важи за еден од најуспешните селектори во српската историја, ако се земе предвид дека има освоено 70 проценти од бодовите во официјални мечеви и со два постигнати гола во просек по меч, неговата Србија важеше за најефикасна во историјата.
Како најсериозна замена се споменува името на Драган Стојковиќ Пикси, но тој самиот ја демантираше можноста да се врати на клупата на Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.