Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун ја посети фабриката за козметика во Пјонгјанг, во придружба на неговата сопруга Ри Сол-ју и сестрата Ким Јо Јонг, објавија државните медиуми.
Објавени се неофицијални фотографии од вчерашната посета, на која присуствуваа и двете жени, кои ретко се гледаат во јавноста. Појавувањето на Ри следи непосредно по нејзиното неодамнешно унапредување на моќната позиција во владата на Северна Кореја.
Странските луксузни стоки, вклучувајќи шминка, во Северна Кореја станаа оскудни, по неколкуте рунди на санкциите на ОН. Со годините, многу држави престанаа да испорачуваат луксузни стоки во Северна Кореја, како резултат на санкциите. Според инфрмациите, Северна Кореја развила сопствена козметичка индустрија, со локални “high-end” брендови, како што се Bomhyanggi и Unhasu, кои стануваат популарни кај потрошувачите.
Иако е подобро познат по своите фотографии на воените инсталации и места за тестирање на проектили, посетата на Ким во фабрика за козметика, има важна пропагандна цел за легитимноста на владеењето на Ким до елитата на Пјонгјанг и средната класа. Тој честопати бил фотографиран во фабриките и другите клучни локации на цивилната економија на Северна Кореја, а државните медиуми тврдеа дека има значителен напредок во производството на стока за широка потрошувачка, како што се 3D телевизорите и паметните телефони.
Посетата е “да се покаже дека Северна Кореја може да внимава на сопствените луѓе и да обезбеди просперитет на ниво слично на Пекинг и Сеул”, изјавил севернокорејски аналитичар.
“Дури и ако знаеме дека не е вистина, важно е режимот да им покаже на своите луѓе дека може да обезбеди материјални задоволства”.
За време на неговата посета на фабриката за козметика во Пјонгјанг, Ким ја пофалил компанијата за производство на “козметика на светско ниво” и за надградбата на просториите на ниво “за кое да се гордееме во светот”, објави севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст