Не му се наѕира крајот на процесот „Планинска“ за „државниот непријател број 1“ на Хрватска, поранешниот премиер Иво Санадер, кој во април годинава беше неправосилно е осуден на 4,5 години затвор по обвинението дека во 2009 година примил 17 милиони куни (2,28 милиони евра) „провизија“ при купувањето зграда од страна на Минстерството за регионален развој, на чиешто чело тогаш беше Петар Чобанковиќ.
Иако ужива во слободата од 12,4 милиони куни (1,66 милион евра), Санадер веќе не живее богатнички живот, а тоа го забележале и обичните граѓани кои минатата недела чекале во ред за да извадат возачка дозвола.
Како што пишува Јутарњи, Санадер толку се приземјил што 40 минути мирно стоел во ред пред шалтер во полициската станица на „Хајнзелова“ во Загреб. Трпеливо, во друштво на сопругата Мирјана, стоел во ред за замена и продолжување на возачките дозволи, а граѓаните сведочат дека некој свештеник негодувал дека нема време долго да чека, а еден од луѓето во редот му се завртел и му рекол: „Стрпете се, гледате дека и Иво Санадер си чека ред“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


