| четврток, 6 декември 2018 |

Бејта му честита на Таравари

Кандидатот за градоначалник за Гостивар од редовите на ДУИ, Невзат Бејта, на последната прес-конференција во седиштето на огранокот му ја честита победата на политичкиот противник во вториот круг од изборите, Арбен Таравари.
– Благодарам на поддршката, но мнозинството на граѓаните решија поинаку. Ние изгубивме и му ја честитам победата на мојот опонент. Ние како огранок ќе продолжиме со нашата политичка борба за идните генерации. Ние работевме за доброто на градот, но волјата на граѓаните беше поинаква и ти решија, истакна Бејта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top