| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ објави победа во 10 општини

Според првичните резултати на СДСМ, нивните кандидатите имаат извесна победа во општините Бутел, Градско, Карбинци, Кисела Вода, Македонски Брод, Могила, Новаци, Старо Нагоричане, Чашка и Штип, информираше Ивана Туфегиќ.

– Граѓаните гласаа фер и демократски и ги заокружија промените низ цела Македонија, истакна Туфегиќ.

Таа рече дека и во вториот круг од локалните избори граѓаните ја дале довербата за концептот што го промовирала коалицијата предводена од СДСМ формирана за предвремените парламентарни избори, која продолжи и на овие локални избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top