| четврток, 6 декември 2018 |

Крадци ограбиле Јапонец на Камениот мост

­ Неколку непознати машки лица вчера го ограбиле С.М. од Јапонија, додека се движел по Камениот мост во правец кон Старата чаршија. Крадците му одзеле 25.000 денари и 5.000 јапонски јени.

Како што информира денеска МВР, крадците го пресретнале С.М., а еден од нив му рекол да им покаже јапонски пари. ­

– С.М. го извадил паричникот во кој имал 25.000 денари и 5.000 јапонски јени, а едно од лицата му го грабнал паричникот и избегало, се наведува во МВР Билтенот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top