| четврток, 6 декември 2018 |

Каталонската полиција ги повика своите припадници на неутралност

Каталонската полиција ги повика денеска своите припадници да се однесуваат „неутрално“ и да не заземаат страна во спорот меѓу Мадрид и Барселона, се наведува во интерната порака до која дошле некои западни медиуми.

Пораката е испратена откако е објавено дека шпанската Влада утрово го разрешила од должност началникот на каталонската регионална полиција „Мосос д’Ескуарда“, Жозеп Луис Траперо, еден ден откако е воведена директна контрола на Мадрид врз Каталонија.

Шпанските власти ја распуштија каталонската влада, презедоа контрола врз администрацијата и закажаа нови избори за 21 декември, откако каталонскиот парламент прогласи независност од Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top