Владата на Република Македонија на денешната 33-та седница ја разгледа и усвои информацијата за реализација на проектот „Пречистителна станица за отпадни води во Скопје”.
Прифатена е информацијата за склучување билатерален договор за кофинансирање на проектот „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води за градот Скопје“ помеѓу Европската комисија и Владата на Република Македонија.
Владата го задолжи министерот за финансии веднаш да ја извести Делегацијата на ЕУ во Скопје дека Владата на Република Македонија ја започна постапката за обезбедување финансиски средства за целосна изградба на пречистителната станица во Скопје со секундарен третман на отпадни води.
– За реализација на овој значаен проект, Владата ги задолжи Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање, веднаш да подготват и достават барање до Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициона банка и КфВ банката за да достават заедничка понуда за подготовка и финансирање на проектот со заем, инвестициски грант и грант за техничка помош, соопшти владината прес-служба
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст