| четврток, 6 декември 2018 |

Тоневски: Приоритет е задржување на младите во Пробиштип, развој на локалната економија и нови вработувања

Сигурен сум дека во вториот круг ќе имаме уште поголема поддршка од граѓаните отколку во првиот круг, истакна на денешната средба со граѓаните од Злетово, кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски.

Поддршката ја давате затоа што препознавате дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш е со народот, дека секогаш се тие што градат. ВМРО-ДПМНЕ изгради спортска сала во Злетово, многу улици, канализациони краци и други проекти. Затоа е таа поддршка. Препознавате дека се што ветуваме исполнуваме, дека и во новата програма најголем број од проектите кои се од суштинско значење за развој на Злетово се во мојата програма, нагласи Тоневски.

Тој посочи дека планирано е да се покрие градскиот пазар во Златово.

-Планираме нов базен, ново баскет игралиште, целосна реконструкција на главната улица, доасфалтирање на уште неколкуте неасфалтирани улички, големи инвестиции во делот на канализацијата, поврзување на левиот крак со колекторскиот систем, изградба на уште многу други проекти кои ги планираме. Ќе инвестираме и во селата кои гравитираат околу Злетово. Ќе го реконструираме патот до Древено, ќе го асфалтираме патот до Јамиште, нагласи кандидатот за градоначалник.

Тоневски истакна дека е свесен дека граѓаните деновиве се под силен притисок од страна на СДСМ.

-Тие не знаат да прават проекти, не знаат да градат, да инвестираат. Нивниот кандидат не ја знае ни програмата, не знае што зборува. Затоа нема да подлегнеме да притисоците, нема да ги уплашат нашите вработени во Армијата на кои секојдневно им се закануваат. Ќе избереме дела и развој во нашата општина како што беше во минатите осум години. Дела, просперитет и развој на локалната економија, нови вработувања и задржување на младите во нашата општина, потенцираше Тоневски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top