| четврток, 6 декември 2018 |

Откриени 44 странски државјанки кои работеле како танчерки во тетовско-гостиварскиот регион

Во 16 акциски контроли што ги спровела полицијата во тетовско-гостиварскиот регион во првите девет месеци од годинава откриени се 44 странски државјанки кои нелегално престојувале во државата.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски изјави дека 22 државјанки биле од Албанија, 16 од Србија, пет од Косово и една од Бугарија. Откриени се и 30 македонски државјанки.

– По нивното откривање, кусо приведување и задржување во СВР Тетово, тие биле предавани на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, а потоа изведувани пред судија за прекршоци на основните судови во Тетово и Гостивар. Со соодветни парични глоби и забрани за влез во Република Македонија од една до пет години, непријавените странски државјанки се депортирани во матичните земји, истакна Јосифовски.

Странските државјанки во угостителските објекти работеле најмногу како пејачки и танчерки, но и како келнерки и шанкерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top