| четврток, 6 декември 2018 |

„Харибо“ покрена истрага по тврдењата дека нивните бонбони се произведуваат во робовски услови

Германската компанија „Харибо“ вети дека ќе покрене внатрешна истрага откако беше обвинета дека работниците ги третира како робови, како и дека измачува и убива животни заради производство на бонбоните.

Германската серија документарни филмови „Маркенхек“ (Проверка на брендови) објави вознемирувачки обвиненија против „Харибо“ претходно овој месец.

Првото обвинение се однесува на една од главните состојки на гумените бонбони, карнауба восоко, кој се наоѓа во палмините лисја. Истражителите открија дека работниците кои ги берат лисјата во Бразил, живеат во услови кои можат да се опишат како ропство.

Работниците во Бразил, од кои некои се малолетни, принудени се да спијат на отворено или во камиони, немаат пристап до чиста вода и санитарии, а заработуваат околу 12 долари на ден.

Второто обвинение се однесува на уште една состојка на гумените бонбони – желатинот, кој се добива од животинска кожа и коски, иако постојат вегански алтернативи.

Во документарниот филм се истакнува дека за добивање на желатин, „Харибо“ ги измачува и убива свињите, а снимките покажуваат животни прекриени со сопствен измет и отворени рани.

Во изјава за „Хафингтон Пост“ претставник на компанијата вели дека се „сериозно загрижени“ од ситуацијата прикажана во филмот и оти ќе покренат сопствена истрага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top