Политичките елити на земјите од Западен Балкан треба претходно да ги решат споровите со другите држави од регионот за да бидат примени во ЕУ, истакна денеска во Сараево бугарскиот премиер Бојко Борисов.
– Треба да и покажеме на Европа дека гледаме во иднината, дека сме паметни и работливи, затоа што ЕУ, исто така, има проблеми, потенцираше Борисов, кој се наоѓа во дводневна посета на Сараево.
Според него, важен знак за интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е тоа што лидерите од регионот се поканети на средбата на врвот со Унијата на 17 мај 2018 година во Софија.
Борисов потенцираше дека земјите од регионот имаат вистинска шанса за членство, затоа што по Бугарија, со Унијата ќе претседаваат Австрија, па Романија, држави кои можат да влијаат на процесот на евроинтеграција.
– Убаво е што судбината на Западен Балкан е во наши раце, но треба да сфатиме дека минатото треба да остане во историјата и да гледаме напред, рече Борисов по средбата со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.
Борисов, чија земја ќе претседава со ЕУ во првата половина на 2018 година, истакна дека на БиХ, но и на другите држави од ретионот, им претстои тешка и напорна работа за членство во Унијата.
Босанскиот премиер од своја страна побара од Борисов поддршка од Бугарија за членство БиХ во Европската Унија.
– Се надеваме дека за време на вашето претседавање со Советот на ЕУ, нашата држава ќе добие статус на кандидат за членство во Евеопската Унија, изјави Звиздиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст