Православните верници денеска ја слават една од најважните светици, Света Петка (во соседите позната и како Параскева).
Вообичаено е дека се оди во црква каде покрај иконата на Света Петка се зема чудотворна вода за која се верува дека лекува многу болести, а посебно проблеми со видот.
Иако Света Петка во календарите на сите православни цркви е запишана со црвени букви, денеска не е строг пост. Според народните верување не е убаво да се меси леб, да се перат алишта и прават други физички работи за кои се користат алишта.
Овој обичај првенствено е востановен поради тоа што Света Петка првенствено се смета за заштитничка на жените, а потоа и на болните. Поради тоа црквата и дозволила во народот да се вреже ова верување како жените првично би имале слободен ден од тешките работи кои некогаш ги извршувале, како во домот така и на поле.
Обичај е и жените шест дена пред Света Петка да постат, а потоа седмиот ден да се причестат и да јадат мрсно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е еден од најголемите празници: Се верува дека жените кои немаат деца, а се помолат, ќе добијат дете!
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа голем и тежок празник: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Денеска е голем празник на љубовта: Ако сакате да ја дознаете вашата сродна душа, пред спиење направете го ова…