| четврток, 6 декември 2018 |

Колку чинат задникот на Бојонсе и нозете на Кери?

Според податоците во американските медиуми, најскапи нозе има пејачката Мараја Кери, што ги осигурала на 1 милијарда долари. Веднаш зад неа се пејачката Тејлор Свифт и манекенката Хајди Клум. Тејлор ги осигурала на 40 милиони долари, додека Хајди поради белег на едната нога, ги намалила цените. Така, едната нога ѝ е осигурана на милион, а другата на 1,2 милиони денари. Најголема сума за задник оди на контото на Џенифер Лопез. По паѓањето на доделувањето на американските музички награди, таа решила да го осигура својот задник на цели 27 милиони долари.

Бијонсе е далеку поскромна во однос на овој дел од телото. Нејзиниот задник е осигуран на ,,само“ 2 милиони. И градите на славните се осигуруваатз а големи суми. Така Мадона си ги осигурала градите на 2 милиона евра. Актерката Џулија Робертс ја осигурала својата блескава насмевка и тоа за 30 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top