| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 300 гостиварци побарале лекарска помош поради стомачни болки

Повеќе од 300 луѓе со мачнина, стомачни болки и дијареа, побарале помош во болницата во Гостивар, вчера и во текот на денешниот ден.

Засега се исклучува можноста за труење со храна како причина за здравствените проблеми на гостиварци, според информациите од надлежните инститиции, по спроведените мерки и испитувања.

Лекарските екипи се на терен и ја следат состојбата, а допрва се очекува и соопштение од надлежните, откако ќе биде завршена обработката на податоците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top