| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ: Хојт Ји зборува глупости, премногу гледал „Војна на световите“

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска возврати на изјавата на заменикот помошен државен секретар на САД, Хојт Брајан Ји кој кажа дека Србија мора да се определи на која страна е и дека не може да седи на две столици.

-Тоа се глупости. Сето тоа се глупости. Мислам дека некои луѓе, вклучувајќи го и претставникот на Стејт Департментот премногу гледале “Војна на световите“ и други научно-фантастични филмови, рече Дачиќ.

Американскиот дипломат Хојт Ји, кој учествуваше на економскиот самит во Белград се сретна и со официјалните лица во Србија при што изрази загриженост поради перцепцијата дека Србија со едната нога е на пат кон ЕУ, а со другата кон сојуз со Русија.

-Државите кои сакаат да влезат во ЕУ мораат јасно да го покажат тоа. Не може да седите на две столици, посебно ако се така далеку, рече американскиот дипломат во Белград.

Дачиќ кажа и дека Велика Британија предложила да се укинат редовните седници на Советот за безбедност за состојбата на Косово и дека тоа прашање се разгледува на затворени консултации. Тој додаде дека на предлогот се приклучиле и САД и уште некои западноевропски земји, а дека против се Русија и Кина.

-Чекајте, дали некој мисли дека ние сме толку глупави. Дека само ќе кажеме во ред, вие само работете против нас и ние исто ќе работиме против нас, рече Дачиќ.

Хојт Ји: Србија не може да седи на две столчиња

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top