На 91-годишна возраст вчера во Атина почина Николаос Грилакис, поранешен шеф на грчката воено разузнавачка служба и многу близок соработник и советник на поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис.
Грилакис во македонските политички кругови е познат по тоа што како грчки разузнавач воспоставил релации и контакти со припадници на Службата за безбедност на Република Македонија, а непосредно и со првиот македонски претседател Киро Глигоров, а во врска со решавањето на спорот за името во време кога од кабинетот на тогашниот грчки премиер Константин Мицотакис излезе предлогот Славомакедонија, потсетува Вечер. Името на Грилакис се поврзува со афера, позната на македонската јавност, а во која тој наводно се обидел да му понуди поткуп од еден милион американски долари на поранешниот претседател Киро Глигоров, ако во преговорите меѓу Грција и Република Македонија се откаже од уставното име на државата. Обвинувањата за заткулисните разговори и тајни мисии што ги имал Грилакис со македонскиот државен врв се случувале во Скопје во периодот од 1990-1993 година, но разузнавачки извори од македонска страна тврдат дека Грилакис не учествувал во поткупот на Глигоров и дека тоа се случило во мандат на грчки разузнавачи, блиски до Андонис Самарас како еден од најжестоките противници на идејата зборот Македонија да се содржи во името на Република Македонија.
Македонскиот претседател Киро Глогоров во своите мемоарски записи „Македонија е сè што имаме”, објавена во 2001 година, прв пат пишува за обидот да биде корумпиран со пет милиони долари.
„Имаше, тоа првпат ќе го кажам, еден навистина незамислив обид преку грчките специјални служби да се влијае и врз мене, и тоа на извонредно груб начин, да ја прифатам грчката солуција, да направам нешто за да се откажам од името Македонија.
Еден ден министерот за внатрешни работи, Фрчкоски ми предложи да примам некои соработници од Службата за да ме известат лично за нешто од нивната работа. Ги примив, а тие ми кажаа дека имале некоја средба со нивни ‘колеги’ од Грција дека тие официјално им рекле да ми пренесат лично мене дека доколку попуштам околу името, готови се да ми префрлат, на која банка сакам во светот, милион долари. Јас ги ислушав, прво, долго ги гледав луѓето, а потоа им реков: „Добро, бре, луѓе, како си замислувате шефот на оваа држава да прими милион долари, да се откаже од името Македонија. Како ве молам, воопшто сте го замислиле тоа? Како воопшто тоа некој може да си го замисли? Тоа е апсурдна работа”, напиша Глигоров.
Грилакис беше генерал, на високи функции во грчката армија, па дури и командант на Јужното крило на НАТО со седиште во Неапол, со обуки за разузнавачки дејности во ЦИА и МОСАД. Тој во прво време беше шеф на воената разузнавачка служба на Грција, а потоа координатор на сите разузнавачки служби.
Во времето додека Мицотакис беше премиер на Владата на Република Грција, Грилакис беше и официјално назначен за советник на премиерот за балкански прашања. Станува збор за периодот од 1989 до 1993 година, во времето на распаѓањето на источниот блок, а тој најдиректно, како продолжена рака на ЕУ и НАТО учествува во наименувањето на Јон Илиску за претседател во Романија, Жељу Жељев во Бугарија и Сали Бериша во Албанија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст