Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева изјави дека очекува следната седмица во Парламентот да биде ратификуван договорот за добрососедство со Македонија.
– Процедурата за усогласување е веќе кон крај – прецизираше Захариева.
Таа го поздрави и потегот на Албанија, која ги призна правата на малцинствата, вклучувајќи го и бугарското, што е еден од условите за евроинтеграција на земјата.
– Бугарија не може да просперира ако Западен Балкан не напредува и ако не е овој регион демократски – истакна Захариева.
Шефицата на бугарската дипломатија истакна дека Европската унија, на различни нивоа, вклучувајќи и на ниво на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, е потврдено дека евроинтеграцијата на Западен Балкан е приоритет.
Според неа, недоволниот напредок на Западен Балкан е една од причините поради кои Брисел треба да обрне поголемо внимание на овој регион. Захариева посочи дека благодарение на напорите на Бугарија, останатите земји-членки се ангажирале многу повеќе околу оваа тема и дополни дека Софија ќе продолжи на истиот начин и за време на претседавањето со ЕУ.
Захариева вели дека Бугарија треба да биде поамбициозна при давањето експертска помош на одделни сектори и министерства во земјите од Западен Балкан заради нивниот напредок на евроинтегративниот пат. Таа оцени дека средствата од претпристапните фондови треба да бидат насочени кон борбата против невработеноста, образованието и за подобрување на положбата на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст